Во Кривичен нови рочишта за „Траекторија“ и „Тарифа“

Од:

Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочишта за предметите „Траекторија“ и „Тарифа“ на Специјалното јавно обвинителство.

Минатото рочиште за предметот „Траекторија“ беше одложено за адвокатот по службена должност на обвинетиот Никола Груевски да може да се подготви за предметот.

Во „Траекторија“, освен Никола Груевски, обвинети се и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и поранешниот директор на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.

Според обвинението на СЈО, тие во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа, според СЈО, му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач ѝ овозможиле да се стекне со имотна корист.

Ново судско рочиште денеска треба да се одржи и за случајот „Тарифа“, во кој се обвинети поранешниот генерален директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски и уште две други лица.

Во овој предмет станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.

Според обвинението на СЈО, обвинетите ја злоупотребиле службената положба и овластување во постапка за јавна набавка на софтвер – „ЕРП систем“. Обвинетите со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот, да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација.

Би можело да ве интересира

Груевски, Јанакески и Пешевски нема да одговараат за „Траекторија“

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска