Еди Рама со своја изложба во Берлин

Од:

Премиерот на Албанија, Еди Рама отвори самостојна изложба на свои дела во берлинската галерија Карлиер-гебауер, а станува збор пред сѐ, за акварели насликани на политички документи.

Рама (54) слика на документи и хартија коишто ги користи во секојдневниот живот. Тие цртежи потоа ги печати и продава како тапети. Тој, инаку е и дипломиран професор по ликовна уметност.

Рама, при својот приватен престој во Берлин, за „Дојче веле“ изјави дека неговото сликарство и политичката кариера не се поврзани меѓу себе.

– Едноставно, цртам. Цртам при состаноци, цртам при телефонски разговори, во паузи… Тоа е природен процес. Раката го следи окото и окото ја следи раката додека фокусот е на дискусијата, на работата, на одлуките кои треба да се донесат, прашањата кои треба да се решат, додава Рама.

Рама исто така, истакнува дека тоа што е политичар, не му пречи да слика.

– Напротив, тоа ми помага, зашто и натаму својата работа ја извршувам нормално, нагласи тој.

Изложбата под наслов „Дела“ е отворена до 9 март 2019 година.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он