(ВИДЕО) Калајџиев: Ќе паднат предметите на СЈО во Стразбур, ако не ги потврдиме помилувањата како незаконски

Од:

На дискусија во МАНУ наречена „Реформи во Јавното обвинителство“, на која присуствуваа академик Владо Камбовски, професорите-кривичари, Гордан Калајџиев и Гордана Лажетиќ, вишиот јавен обвинител, Тодор Витларов, специјалната јавна обвинтелка, Катица Јанева, претседателот на Советот на јавните обвинители, Коле Штерјев и други присутни се разговараше меѓу другото и за иднината на специјалното јавно обвинителство и на предлог-законите за кривична постапка и Законот за Советот на јавните обвинители.

Катица Јанева рече дека предлогот на Закон за СЈО е тоа да биде трајно обвинителство, во кое шефот ќе има 5 години мандат, а обвинителите ќе ги избира Советот на јавните обвинители, по претходно мислење од првиот човек на специјалното јавно обвинителство.

Таа рече дека СЈО треба да ја задржи автономноста за обработка на предметите и дека ова обвинителство треба да се застапува во прв и во втор степен пред судот, а републичкиот обвинител да одлучува само во третостепените постапки. Јанева кажа и дека висат 8 истраги кои биле преземени од предмети од редовните обвинителства, а за кои имаат „бомби“.

Професорот Гордан Калајџиев рече дека се залага за фузирање на двете обвинителства: СЈО и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Рече дека рокот за мандатот на СЈО и за истрагите го договориле Заев и Груевски и дека тоа било компромисното решение за воопшто да се формира специјалнот јавно обвинителство.

Калајџиев кажа дека додека не се официјализираат помилувањата како како незаконски, ќе паднат предметите на СЈО пред Стразбур.

„Стразбур го гледа Иванов како претседател“, рече Калајџиев.

Професорката Бужаровска кажа дека СЈО мора да опстои како оббвинителство и дека оваа пат-позиција најмногу им оди во прилог на сторилите на кривични дела.

Рече дека и највисокиот суд се дтавил во функција на политиката, а не на правдата кога одлучил да расправа за иницијативите за законитоста на бомбите.

Вишиот јавен обвинител, Тодор Витларов рече дека одлуките на специјалните јавни обвинители мора не треба да зависат од потписот на шефот и дека треба да се задржи второстепеноста на постапувањето пред апелациските судови.

На дискусијата Витларов рече дека во јавните обвинителства нема одржувачи на хигиена и дека плаќаат од џеб за таа услуга.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира Законот за амнестија

Александар Тодески

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го напуштат собранието ако се стави европско знаменце на амнестијата

A1on

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Со сите демократски и парламентарни методи ќе го спречиме донесувањето на законот за амнестија

Предлог законот за амнестија целосно ослободува 286 лица

Законот за амнестија ќе биде доставен во Собрание , потполно ослободување за казна затвор до 6 месеци, нема амнестија за тешки кривични дела