Единствена Македонија: Заев ја замајува јавноста со мерцедесот и платата на Груевски, а ветуваше одземање на украдени 5 милијарди евра од претходната власт

Од:

„Марионетската власт на Зоран Заев заглавена во безаконие, корупција и криминал продолжува да ја замајува јавноста со смешните обвиненија за поранешниот премиер Никола Груевски за набавката на луксузниот мерцедес во кој сега без проблем се вози и Заев, па за некакви нарачани шамари во општина Центар и најново од вчера за укинување на пратеничката плата на Груевски.

Манипулациите на Зоран Заев повеќе не минуваат. Заев во предизборната кампања рече дека претходната власт на Груевски украла 5 милијарди евра и дека доколку СДСМ формира влада се ќе им биде одземено и конфискувано.

Наместо одземање на украденото од претходната власт, секојдевнно гледаме како се редат скандали со кражба на народни пари од Заев, актуелни министри, пратеници, владини советници, општински партиски претседатели на СДСМ кои добиваат лиценци за бизниси, тендери и грантови во милиони евра.

За Единствена Македонија нема дилема. Одоговорност за грабежот на народни пари мора да има, а украденото од позиција на власт ќе биде конфискувано не само од претходната власт туку од сите криминалци во изминатите 28 години. Само тогаш Македонија ќе биде држава каква што ја сакаат македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев