Два дена пред затворањето на зимскиот преоден рок, Пари Сен Жермен го објави привлекувањето на Леандро Парадес. Полудефанзивецот пристигнува од Зенит за 40 милиони евра, а други 5 милиони се вклучени како клаузули при евентуални добри перформанси. Самиот Аргентинец пак потпиша договор до летото 2023 година, Во новиот клуб, тој ќе носи дресот со бр.8.
Дваесет и четрири годишниот Паредес дојде во Зенит во 2017-та од Рома за 23 милиони евра. Аргентинецот брзо стана главна фигура во средниот ред на тимот од Санкт Петерсбург. Оваа сезона тој зеде учество во 15 натпревари во руската лига, во кои постигна 3 гола. Паредес реализираше еднаш и во Лигата на Европа.
?✍️ #BienvenidoParedes@LParedss nous livre ses premières impressions après sa signature au @PSG_inside ?
❤? #ICICESTPARIS pic.twitter.com/bqhrPSNy7b
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) January 29, 2019
Парижаните бараа одбранбен играч од средниот ред и би можеле да се обидат да земат уште еден во следниве денови. Вчера Евертон призна дека одбил понуда од 21,5 милиони фунти за Идриса Геј.
Инаку Французите се обидоа да договорат уште некој меѓу Френки де Јонг, Ренато Санчез и Алан Маркез, но немаа успех со ниту еден од нив.