Фабрегас за Жардим: Ќе дадам сè од себе за да му помогнам, јас сум професионалец

Од:

Полудефанзивецот на Монако, Цеск Фабрегас ги прокоментира настаните околу клубот пред полуфиналето на Лига Купот против Гинган.

– Тиери Анри веќе не е во Монако, но таков е животот. Сега играчите треба да се борат за клубот и за нашите фанови. Дојде многу важен момент. Денес играм за Монако, и му помагам на тимот и неговиот нов тренер. Мислам дека Леонардо Жардим ќе ги сподели своите искуства, неговите идеи и својата смиреност со играчите. Тој постигна добри резултати со Монако во минатото, изјави Цеск Фабрегас.

Шпанецот додаде дека веќе разговарал со Жардим и му споделил дека тој целосно може да смета на него.

– Мојата единствена цел е да дадам сè од себе за да му помогнам да ја поправиме ситуацијата. Јас сум професионалец и сакам да го демонстрирам тоа, додаде уште Фабрегас.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска