Презентација на публикацијата „Проблеми во примена на ЗКП од аспект на одбраната“

Од:

Во организација на Адвокатската комора на Република Македонија денеска во Охрид ќе биде презентирана публикацијата „Проблеми во примена на Законот за кривичната постапка од аспект на одбраната“.

Целта на публикацијата е да се концентрираат дискусиите и согледувањата на учесниците и на предавачите (и едните и другите адвокати на одбрана) од досегашната практична примена на Законот за кривична постапка и тоа пред сè од аспект на одбраната и можностите таа да биде ефикасна и од аспект на невоедначената практика и различниот третман на правните ситуации, но и воочување на одредени недостатоци на законското решение и проблеми во практичната примена.

-Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени во публикацијата се на авторот и не мора да значи дека тие се одраз на ставовите на Стејт Департментот на САД или Владата на САД, велат од Адвокатската комора.

Воедно ќе бидат презентирани коментарите и предлозите на Предлог-законот за кривичната постапка доставени од страна на Адвокатската комора на РМ до Министерството за правда на РМ, кои се во насока на подобрување на Законот особено од аспект на еднаквоста на оружјата, правната сигурнот, како и на човековите права генерално.

Публикацијата претставува резиме на обуките одржани во рамки на проект на Адвокатската комора на Република Македонија поддржан од Амбасадата на САД.

На презентацијата ќе се обратат претседателот на Адвокатската комора на РМ, Љубомир Михајловски и авторот на публикацијата, Никола Додевски.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО