(ВИДЕО) Николов: Филипче во ек на епидемија на морбили ги измами граѓаните и ја злоупотреби својата внука

Од:

„Венко Филипче во ек на епидемија на морбили ги измами граѓаните и ја злоупотреби својата внука за политичка измама. Филипче призна дека лажно и кажал на јавноста дека неговата внука е вакцинирана од морбили, иако таа не е, само да ги увери родителите дека вакцините се безбедни. Да го погледнеме видеото со кое што министерот ги излажа граѓаните.

Филипче прво го злоупотребил детето во политичка измама, а потоа свесно ги донел во заблуда граѓаните на Република Македонија, со самото тоа извршил кривично дело Измама според чл. 247 од Кривичниот Законик“, рече Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со ваквото свое манипулативно однесување, министерот лично го загрозува процесот на вакцинација и ја нарушува и онака слабата и нарушена доверба на граѓаните во системот. Министерот лично со своето однесување, целосно ја деградира, го разградува процесот на вакцинација.

Филипче мора да понесе одговорност, очекуваме надлежните институции да преземат соодветни мерки. Министрите треба веродостојно да ги информираат граѓаните и да не ги лажат, да ги дезинформираат, ниту пак да ги манипулираат.

Министерството за здравство предводено од Филипче прво велеше дека има вакцини со изминат рок, за потоа да речат дека нема вакцини со изминат рок, туку декларациите се променети и помешани, за сето ова потоа да се обелодени дека ќе се уништуваат вакцините.

Господине министер, знаете ли дека вие со вашето лажење и манипулирање директно го загрозувате здравјето на најмладата популација и ја нарушувате вербата во системот?

Господине Филипче со вашето лажење и манипулирање директно може да го загрозите животот и здравјето на граѓаните, а пред се на најмладите, на децата кои што се во претшколска возраст.

Граѓаните очекуваат итна и неотповиклива оставка од министерот, по вакво ноторно признание за измама и лажење на сопствените граѓани, најмалку што може да стори Филипче е да поднесе оставка.

Повеќе од година дена откако е министер, а здравството и здравствениот систем во државата само тоне. Ова е уште една од низата причини поради кои се потребни итни и неодложни предвремени парламентарни избори заедно со претседателските на пролет. Црнилата мора да бидат победени. Зората да изгрее“, изјави Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”