(ВИДЕО) Узунов: Не може со 1,5 милион евра да се исчисти најзагадениот град во светот, а 2 милиони да се трошат на патни трошоци

Од:

Не може со 1,5 милион евра буџетски средства да го исчистите најзагдениот град во светот, а вашите патни трошоци да бидат два милиони евра годишно, порачаа од иницијативата „Канцеоргено општество“ на денешниот протест против загадувањето. Меѓу барањата кои ги испорачаа од пред Собранието се свикување итна владина седница, вклучување експерти и граѓански сектор во контролите кон големите загадувачи.

– И мало дете знае кои се загадувачите, од Железара гледавме црни облаци, а луѓето седеа дома и велеа ништо не е, еве сме сега после 4 години најзагаден град во светот, има уште многу такви, знаеме што се случува во Тетово, Велес, знам тоа не се единствени загадувачи но мора од некаде да се почне. Дајте им пари на луѓето и нема да мора гуми да палат за да се греат, рече Кристијан Узунов.

Насобраните граѓани носеа транспаренти на кои пишува ,,Ставете налепници на тешката индустрија”, ,,Парите ги потрошивме за инхалатори место за точаци” и слично. Од Собранието, демонстрантите се упатија кон Владата од каде порачаа дека мора да се преземат не само краткорочни, туку и долгорочни мерки против загадувањето.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски