ВИДЕО: „Парите ги потрошивме за инхалатори место за точаци” – протест против загадениот воздух

Од:

Поголема група граѓани денеска попладне излегоа на протест пред Собрание, против згадениот воздух. Oд граѓанската иницијатива ,,Канцерогена општество”, кои се организатори на протестот, порачаа дека власта мора да преземе не само краткорочни, туку и долгорочни мерки против загадувањето.

Тие носат транспаренти на кои пишува „Ставете налепници на тешката индустрија”, „Парите ги потрошивме за инхалатори место за точаци” и слично.

Учесниците на протестот алармираа дека високата концентрацијата на ПМ 10 честички измерена во последниот период, со што Скопје беше рангиран како најзагаден град во светот, предупредува дека ако не се преземе ништо таа бројка ќе расте.

Граѓаните се загрижени дека од загадениот воздух најзасегнати се децата и како последица на тоа се преполни детските клиники. Тие побараа да се лоцираат најголемите загадувачи во главниот град и место непродуктивни мерки како поскапување на паркингот и други кои удираат по џебот на граѓаните, да се преземат посериозни чекори. Тие особено потенцираа дека 1,5 милиони евра за борба со загадувањето не се доволни и порачаа дека повеќе се исплаќаат пари за патни трошоци за пратениците, отколку за справување со овој сериозен проблем.

Групата од Собранието се упати кон Владата каде ќе продолжи протестот.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Тричасовен протест со блокада на Плетвар