А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Основното јавно обвинителство Скопје го истражува пукањето во Маџари

by А1он25/01/2019 - 17:0425/01/2019 - 17:04266
Share0

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица поради постоење основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Добивај вести на вибер

-Осомничените на 24.01.2019 година, во скопската населба Маџари, по претходен договор со умисла се обиделе да лишат од живот едно оштетено лице. Имено, на критичниот ден оштетениот се возел во автомобил Фолксваген голф 5 заедно со неговиот малолетен син и со уште две лица со кои бил во роднинска врска. Во еден момент, заради претходно нарушени меѓусебни односи, еден од осомничените, управувајќи со патничко моторно возило Фолксваген голф 3 удрил во нив, а зад нив застанал и вториот осомничен со автомобил Алфа Ромео 156 Караван. Во двата автомобили имало и други засега непознати лица, кои излегле и со шипки ги искршиле стаклата на голфот во кој се превезувал оштетениот. Двајцата осомничени, пак, излегле од возилата и со огнено оружје – пиштоли започнале да пукаат кон оштетениот, нанесувајќи му тешки телесни повреди во вид на огнострелни рани и скршеници на двете потколеници.

Оштетениот паднал на земја, но еден од неговите роднини со својот гасен пиштол преправен како огнено оружје возвратил на пукањето со што предизвикал значителна опасност за телото на луѓето. И за ова лице надлежниот обвинител ќе води постапка, бидејќи постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Предизвикување општа опасност, предвидено и казниво според член 288 став 1 од Кривичниот законик, соопштуваат од прес-службата на Јавно обвинителство на Република Македонија.

Од ЈОРМ информираат дека ценејќи дека се исполнети сите законски основи, за двајцата осомничени за обид за убиство, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор.

-Едниот од нив е достапен на органите на прогонот, додека другиот е во бегство. За осомничениот за предизвикување општа опасност, надлежниот јавен обвинител на судот му предложи да определи мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска за повремено јавување кај определено службено лице или надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, соопштуваат од ЈОРМ.

hronikamadzariobvinitelstvo

Би можело да ве интересира

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 14:5621/03/2026 - 14:59

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 14:15

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:29

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

Катерина Ѓуровски19/03/2026 - 08:24

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:52

Излажал жена од Прилеп дека внукот ќе и оди во затвор заради сообраќајка во странство – и зел неколку илјади евра

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 10:2617/03/2026 - 13:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен