Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Од:

Четворица државјани на Полска се лишени од слобода откако, заедно со уште три лица, со четирицикли оштетиле влезна врата и влегле во воен објект во Тетово.

Како што соопшти МВР, на 28 септември во 18:24 часот, Воената полиција на АРМ пријавила дека во местото „Еребино“, каде што се наоѓаат воени магацини, повеќе лица со четирицикли ја оштетиле влезната врата на објектот.

Војниците кои биле на стража на местото задржале четири лица: Х.М.А. (55), Д.К.В. (55), К.В. (41) и К.Ј.Р. (36), сите државјани на Полска. Други три лица со четирицикли успеале да побегнат.

Четворицата се лишени од слобода поради постоење сомнение за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти“ од член 350 од Кривичниот законик.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на останатите три лица, а по целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа