А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Хан: Договорот од Преспа претставува гигантски успех

by А1он24/01/2019 - 16:58258
Share0

Договорот од Преспа е пред усвојување во грчкиот Парламент, што претставува гигантски успех, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

Добивај вести на вибер

– Близу сме до одлуката во грчкиот Парламент за прифаќање на Договорот за промена на името на Македонија во Северна Македонија. Поаѓам од препоставката дека тоа ќе биде решено, што претставува гигантски успех. Самиот вложив многу труд и време во развојот на таа држава од 2015 година, нагласи Хан во интервју за телевизијата Н1.

Хан истакнува дека во изминативе неколку години со заеднички сили на Балканот се направени значитени исчекори, додавајќи дека одржливиот мир, економскиот раст, општествениот развој и помирувањето, не се можни, доколку земјите од регионот немаат европска перспектива.

– Од тоа секако протифитираат и сегашните држави членки, граѓанките и граѓаните на Европската унија, истакнува Хан.

Еврокомесарот потенцира дека вратата на ЕУ останува отворена и дека секоја од државите од регионот „во свои раце го има клучот од таа врата и може да ја отвори“.

– Некои земји се подобро подготвени, некои послабо. Ние како Комисија минатиот февруари ја објавивме нашата стратегија за Балканот во која јасно зацртавме дека секоја држава може да стане членка дури од кога ќе ги реши сите билатерални несогласувања и конфликти, потенцира Хан.

Според него, приближувањето на секоја од земјите од регионот кон ЕУ ќе зависи од нивните одделни заслуги.

– Секоја (земја) за себе ја носи одговорноста со колкави чекори и со какво темпо ќе се движи напред. Нема никакво ограничување на брзината, но позитивните промени мораат да бидат одржливи, посебно, на пример, во борбата против корупцијата, развојот на владеењето на правото, развојот на претприемништвото. А тоа си бара време. Некои се побрзи, а некои побавни, заклучува Хан во интервјуто за Н1.

dogovor od prespahan

Би можело да ве интересира

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on14/05/2024 - 10:46

Налепници „NMK“ на таблиците задолжително од 12 февруари, ќе се продаваат на станиците за технички преглед

Катерина Ѓуровски02/02/2024 - 09:54

Грција ќе инсистира на почитување на роковите за пасошите и регистерските таблички

Катерина Ѓуровски31/01/2024 - 10:4231/01/2024 - 11:24

Наместо давање лажна надеж за пролонгирање на рокот за документи, да се фокусираме на нивното вадење порачува Османи

Катерина Ѓуровски17/01/2024 - 12:42

Пет години од потпишувањето на Договорот од Преспа

Катерина Ѓуровски17/06/2023 - 07:5417/06/2023 - 08:07

Хан: Горд сум што придонесов за успехот на Преспанскиот договор

А1он17/06/2020 - 16:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен