По победата над Стефанос Циципас (6:2, 6:4 и 6:0) и обезбеденото финале на Австралија опен, шпанскиот тенисер Рафаел Надал го сподели своето мислење за вториот полуфинален натпревар. Во него првиот рекет Новак Ѓоковиќ ќе се сретне со Лук Пуј.
– Се разбира, Новак е фаворит. Тој беше во оваа фаза толку многу пати, а за Лук ова е првиот полуфинален натпревар. Отсекогаш сум сметал дека Лук е еден од оние играчи кои имаат голем потенцијал. Точно е дека Новак е неверојатно цврст, но ова е тениски меч и може да се случи изненадување, изјави Надал.
Мечот Ѓоковиќ – Пук се игра утре со почеток во 9:30 часот.