Пари Сен Жермен не сретна проблеми во шеснаесетфиналето на Купот на Франција и го победи Стразбур со 2:0. Но главната вест од натпреварот е поинаква.
Ѕвездата на „принцовите“, Нејмар се повреди и беше принуден да го напушти теренот со солзи во очите.
Допрва треба да се разбере дали повредата е сериозна, но постои загриженост дека тој нема да може да игра во првиот судир со Манчестер Јунајтед од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Инаку, головите за тимот на Томас Тухел беа постигнати од Единсон Кавани и Анхел Ди Марија. Домаќините направија и многу пропусти, а во последните минути во игра се појави дури и подзаборавениот Хесе Родригез.