Вештаците кои ја извршуваат аутопсијата на жртвите на масакрот кај Смиљковското Eзеро денеска пред скопскиот Kривичен суд ги изнесоа своите наоди.
За секој од петмината убиени во масакрот, што се случи во април минатата година, судските вештаци во детали објаснија какви рани им биле нанесени и која била точната причина за смртта.
Според вештаците, причина за смртта на Цветанчо Ацевски било задушување откако белите дробови му се наполниле со крв по проектилот што го погодил во главата. Филип Славковски починал поради оштетување на срцето од проектил што влегол од градната страна. Четири прострелни рани биле забележани на телото на Кире Тричковски, од кои три прострелни и една застрелан. Александар Наќески бил погоден со најголем број на куршуми – осум. Три завршиле во градите кои смртоносно му ги оштетиле срцето и белите дробови. На Борче Стефковски му било пукано во главата. Тој, како што објаснија вештаците, бил погоден со четири проектили.
Обвинетите за свирепото убиството на четирите момчиња од Радишани и средовечниот жител на Црешево без било каква реакција на рочиштето ги следаа зборовите на вештаците.