Во игра и парламентарни со претседателските избори

Од:

Парламентарни заедно со претседателските избори. Дилемата ќе се расчисти до крајот на неделата, а според најавите в петок на седница на Централниот одбор на СДСМ.

Во владејачката СДСМ има две струи, едни се за изборно соочување на половина од мандатот, а други дека сега е време за работа на реформските зафати во врска со ЕУ и НАТО интеграцијата. Извори од СДСМ за А1он брифираат дека се повеќе се размислува дека е добро да има предвремени избориги изјавите на политичарите и дека се поизвесни се предвремени парламентарни избори заедно со претседателските.

Иако претставниците на меѓународната заедница, или како што беше јасен еврокомесарот за проширување Јоханес Хан бараат воздржување од таквите идеи и работа на реформите, сепак во СДСМ има размислување да не се повтори грешката од 2005 година, кога тогашниот премиер Владо Бучковски, и покрај поволната клима по добивањето на кандидатскиот статус, не ја искористи шансата за нов четири годишен мандат и не го прифати предизвикот за предвремени избори. По ова колата на СДСМ тргна надолу и чекаат цели 11 години за повторна шанса.

Како една од причините во прилог на предвремени заедно со претседателските избори е и законскиот цензус за избор на претседател. За да биде избран претседател, во вториот круг треба да излезат 40 проценти или повеќе од 700 илјади гласачи, што ќе биде тешко достижно поради присутното и евидентно незадоволство на неопределените но и на партиското членство на СДСМ.

Сепак во дебата се очекува Заев да го има последниот збор кој веќе се изјасни дека не е за предвремени парламентарни избори, но бидејќи тоа е барање на лидер на опозицијата, СДСМ сериозно ќе го отвори прашањето и ќе ја извести јавноста веднаш штом донесе одлука.

Коалициската ДУИ јасно се изјасни против предвремени избори иако поради исполнување на клучните барања на Албанците, сметаат дека ќе добијат многу повеќе пратеници.

Алијансата на Албанците сака предвремено мерење на силите во Албанскиот политички блок.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја фрли ракавицата и инсистираат на предвремени избори, би се согласиле и на покус мандат за Пржинска Влада. Но, во секој случај велат, претседателските избори нема да ги бојкотираат, бидејќи се сигурни во победа на нивниот кандидат.

Претседателот на Собранието Талат Џафери веќе најави дека претседателските избори ќе ги распише најдоцна до 8 февруари, но доколку се одлучи да се гласа и за пратеници, тие избори треба да се распишат до 20 март, за да се одржат заедно со вториот круг од претседателските избори.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно