Тројца нови пациенти со клиничка слика на морбили, досега вакцинирани 2.925 деца

Од:

Од министерството за здравство информираат дека од прогласувањето на епидемијата на морбили до денес вакцинирани биле вкупно 2.925 деца, а само денеска до 13 часот вакцинирани се 181 дете.

Во текот на викендот, вакциналните пунктови ќе работат од 7:30 до 13 часот, а од понеделник пунктовите ќе продолжат да работат во две смени од 7:30 – 19 часот.

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, хоспитализирани се тројца пациенти со јасна клиничка слика на морбили. Станува збор за двајца возрасни пациенти од населбите Карпош и Чаир и едно дете од Чаир, а дополнително уште двајца пациенти со полесна клиничка слика на морбили биле амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување.

Би можело да ве интересира

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Поголеми плати во здравство, потпишан Анекс на Колективниот договор