Градоначалникотот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски е добитник на меѓународното признание „Најградоначалник во регионот на Југоистична и Средна Европа“. Ова признание пред десеттина дена му го додели Дирекцијата на Агенцијата за избор на најменаџери од Босна и Херцеговина, за Југоистична и Средна Европа, со седиште во Зеница.
Оваа награда се доделува по 26-ти пат и важи за глобален брендинг авторитет. Нивната награда „Најменаџер на годината“ се вбројува меѓу седумте најреспектабилни награди во светот (после Њујорк,,Парис, Лондон, Рим. Цирих, Мадрид и Брисел).
Градоначалникот Јакимовски е избран меѓу 2.000 номинирани кандидати за дваесеттина награди кои претежно се однесуват за достигнувања во бизнис секторот-наградата „Најменаџер“, како и категоријата „Најградоначалник“ за креирање на амбиент за инвестиции и бизнис. Во ова категорија спаѓаат успешни градоначалници, министри и луѓе од науката, културата, спортот и медиумите.
Од регионот наградата ја добиле градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ, на Загреб- Милан Бандиќ, Алија Бехмен од Сараево и Миодраг Мугоша од Подгорица.
Наградата за „Најградоначалник“ во регионот, на Јакимовски ќе му биде врачена на свечена церемонија на 5 јули во Сараево.