Мас: За нови преговори за Брегзит потребна е согласност од сите членки на ЕУ

Од:

Потребна е дискусија за повторно отворање на предлог договорот за Брегзит, но тоа ќе биде можно единствено ако нови преговори поддржат сите земји членки на ЕУ, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.

– На крајот ќе се постави прашањето дали повторно да се отвори догворот, за што е потребна согласност на сите 27 земји членки, За тоа треба да се разговара сега, истакна Мас во изјава за германскиот јавен сервис ЗДФ.

Мас претходно беше на ставот дека е „тешко замисливо“ повторно разгледување на постигнатиот договорот за Брегзит, а можноста за нови преговори за условите за британското напуштање на ЕУ ја отфрлаа и други лидери на Унијата.

Откако, Парламентот во Вестминстер во вторникот го одби договорот за Брегзит, што лани во ноември го постигнаа Владата во Лондон и Брисел, британската премиерка Тереза Меј има рок до понеделник да предложи „план Б“ за истапувањето на Велика Британија од ЕУ. Според најавите од Лондон, по овој „план Б“, пратениците во Долниот дом на британскиот Парламент би требало да се изјаснат на 29 јануари.

Како една од опциите на Брегзит во „планот Б“ се посочува и можноста Меј да предложи одлагање на британското напуштање на ЕУ за неколку месеци, во кој период би се преговарало за промени во постојниот договор.

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус