Претседателот на судечкиот совет кој го води случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско езеро, ја исклучи јавноста од денешното рочиште, на кое како доказен материјал ќе бидат презентирани ПИ мерките, односно телефонските разговори поврзани со убиствата.
Презентирањето на телефонските разговори најверојатно ќе продолжи и на наредните рочишта на кои исто така ќе биде исклучена јавноста.
Предметот „Монструм“ од страна на Врховниот суд е вратен повторно во судска постапка од почеток, откако на доживотна казна затвор за тероризам беа осудени обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута.
Двајца од обвинетите за случајот „Монструм“ Африм Исмаиловиќ и Алил Демири се во бегство и се наоѓаат во Косово.
Министерството за правда се уште нема добиено одговор дали обвинетите ќе бидат екстрадирани.
Виктор Јованов