Талески и 20 обвинети во „Транспортер“ слушаа разговор меѓу Јанкулоска и Ставрески

Од:

Во кривичниот суд во Скопје продолжи изведувањето на писмените докази во случајот на СЈО под кодно име „Транспортер“.

Претходно беше пуштен еден јавно објавен разговор меѓу ексминистрите за финансии Зоран Ставрески и за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во кој, меѓу другото, двајцата разговараат за превозот на ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Ставрески во разговорот со поранешната колешка Јанкулоска, го окарактеризира договорот на битолскиот градоначалник, Владимир Талески за автобускиот превоз на ученици во градот, како „коруптивен до даска“.

Ставрески и’ вели на Јанкулоска: „Се изнервирав дополнително со ова копилево од Битола, Владо Талевски, пи*ка ли му матер. Ни напраи скандал со овие превознициве“.

Ставрески понатаму вели: До 2010, до јуни, склучен е договор со „Транскоп“, коруптивен до даска, у кој што по поединечен ученик договорените цени му се повисоки 10 пати повисоки отколку после тоа, отколку денес шо важат цените со приватни превозници се договорите”.

Ставрески додава: „И копилево место да си го покрие криминалот, напукал, пошто долгот до 2010 отприлика е, кон „Транскоп“, отприлика е 36 милиони денари и 22 милиони кон приватниве. И сега бара преку ЗЕЛС, прво со поддршка од Коце се разбира, да ние му ги покриеме долговите”, на што Јанкулоска одговара: „Коце за сите такви матни работи дава поддршка. И само да те намести“.

Ставрески вели: „Му реков на Панче „ти јави му се, оти ја ако му се јавам, ќе му е*ам мајката, не можам да се воздржам на телефон“. И сеа и на Кире Божиновски му се јавував да му изврши притисок, пошто копилето игра крајно прљаво. Значи тој е, тоа е… Кај што е неспособен, уште тежок криминалец, ама и перфиден актер она, глумец“.

Судењето за „Транспортер“ почна на 28 септември 2017 година, но, расправата лани по третпат почна од почеток. Претседателка на советот е судијката Добрила Кацарска. Обвинети се 21 лице за злуопотреби со превозот на уленици во Битола. По изведувањето на доказите на обвинителството, следуваат доазите на обвинетите.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Врховен суд: Пресудата за „Транспортер“ во која е осуден битолскиот градоначалник Владимир Талески е законски изречена

Горан Наумовски

Талески останува во затвор – Врховен пресече, пресудата е законска

А1он

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Коалиција за правично судење за „Транспортер”: Како Апелација изрече условни казни за дело каде минимум казна е пет години?

Катерина Ѓуровски

Апелација ги намали казните во „Транспортер“, Владимир Талески треба да лежи седум наместо осум години затвор

Кристијан Ландов