Избега еден од напаѓачите на Села, распишана интерна и меѓународна потерница

Од:

Никола Војминовски кој е осуден на 13 ипол години затвор за нападот на пратеникот Зијадин Села на 27 април 2017 година, а кој се наоѓа во куќен притвор, избегал, односно полицајците при проверка не го нашле дома. Според информациите од кривичниот суд, по него е распишана интерна и меѓународна потерница.

„Надлежната полициска станица која врши надзор над спроведувањето на мерката куќен притвор која му е определена на обвинетиот со решение на судот во мај 2018 година, а продолжена до правосилноста на пресудата го извести судот дека обвинетиот не се придружувал до определената мерка“, соопштија од кривичниот суд.

Од таму додаваат дека Кривичниот совет донел решение со кое на Војминовски му се определува мерка притвор откако ќе биде пронајден и дека е издадена наредба за распишување интерна и меѓународна потерница.

Војминовски доби највисока казна за нападот на Села од 13,6 години. За обид за убиство на Села, освен него, осудени се и Кире Ѓорѓиевски на 13 години затвор, а иста казна доби и Александар Јаневски – Тошта. По десет години и шест месеци добија Андреј Мицев, Николче Димитриевски, Оливер Ошавковски и Коста Делов. Дејствијата преземени од Александар Јаневски – Тошта и Никола Војминовски со извлекувањето на пратеникот Села се клучните според судот бидејќи ако не се случило тоа, тогаш, немало да има напад врз пратеникот.

Би можело да ве интересира

Пратеникот на Левица Сашко Јанчев е приведен, учествувал во сообраќајка, повредени се двајца малолетници

Катерина Ѓуровски

Работник загина во делчевска фабрика, Кинез усмртен од кран во погон во Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

18-годишник двапати се степал во иста вечер, извадил и пиштол

Катерина Ѓуровски

Кавадарчанец пронајден починат во викендичка, телото на обдукција

ВИДЕО: Три тинејџерки претепале 11-годишно девојче, снимка од тепачката објавиле на социјални мрежи

Катерина Ѓуровски