На многу луѓе им требаат повеќе пасоши, било тоа да е заради патување, економски причини, помали даноци или инвестиции со помали давачки.
– За некои тоа е статусен симбол, како купувањето автомобил, нагласува економистот Нури Кац.
Купувањето втор и трет пасош е особено тренд меѓу богатите, и во тој случај најчесто се работи за државјанство во замена за инвестиција. 3а купувачот тоа е предност доколку има можност, на пример, за купување стан или земјиште со пониски даноци.
Предноста е и тоа што еднаш стекнатото државјанство не може да се одземе, освен во случај на потежок криминал.
Интересот на земјата која го дава пасошот пак, е привлекување богати странски инвеститори и развој на својата економија. Така, тајландскиот пасош чини 3.000 долари, а пасошот на Малта, која е и членка на Европската Унија, или оној на САД, на пример, достигнуваат и до милион долари. Оние на карипските држави, како што се Антигва, Сент Китс и Невис и Света Луција, вредат од 100.000 до 150.000 долари.
За пасошот на Велика Британија, условот е барателот на државјанство одредено време да живее во земјата, пред да има право да го добие истото.