Сугарески: Наша цел е автопатот Скопје-Блаце да биде изграден пред 2023 година

Од:

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска појасни дека е даден рок од три години за изградба на автопатот Скопје-Блаце поради опфатот на сите постапки што не значи дека тој ќе се гради до 2023 година.

– Нашата цел е тој да биде изграден побрзо – 2021 година или евентуално почетокот на 2022 година, изјави Сугарески, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата.

Посочи дека до крајот на овој или почетокот на следниот месец ќе биде распишан тендер за првите 1,9 километри и оти е потребно препроектирање на останатиот дел во должина од 10,5 километри бидејќи според проектот изработен во 2002 година трасата влегува во зоната Визбегово и новоформираните гробишта. За оваа фаза е предвидено да се објави тендер следната година.

Изградбата на автопатот Скопје – Блаце беше најавена во петокот од страна на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов. Автопатот ќе биде во должина од 12,5 километри, а инвестициската вредност се проценува на околу 110 милиони евра. Се очекува дека со изградбата на овој автопатот, патувањето од Скопје до Приштина ќе се скрати од два часа на 45 минути.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска