Додека се гласаат уставните промени, пред Собранието едвај стотина граѓани

Од:

По почетокот на седницата за уставните промени, пред Собранието на Република Македонија останаа едвај стотина граѓани кои протестираат против промена на името.

Помеѓу демонстрантите денеска не се појави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и функционерите од партијата.

На говорницата пред Собранието се читаат имињата на пратениците кои гласаат за уставните промени. Граѓаните ги исвиркуваат пратениците велејќи дека се „предавници и тендераши“.

Пред македонскиот Парламент се спомнува името и на американскиот амбасадор, Џес Бејли. Демонстрантите и понатаму тврдат дека тој е главниот организатор на уставните промени со цел промена на уставното име на Република Македонија.

Од „Македонија блокира“ велат дека ништо не е готово. Побараа поддршка од претседателот Иванов, а исто така напоменаа дека ќе поднесат жалба до Уставниот суд на РМ.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Гаши: Уставот не треба да се отвора ад-хок, ова е сензитивно прашање

Катерина Ѓуровски

Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица