Сателит на Плутон можеби има подземен океан

Од:

Вселенското летало „New Horizons“ (Нови хоризонти) на своето долго патување кон Плутон треба ја испита една од неговите месечини Харон во потрага по докази за постоење на древен подземен океан.

Овој предел е 29 пати пооддалечен од Сонцето, отколку што тоа е случај со Земјата, а температурата таму е минус 229 степени Целзиусови. Секако, во такви услови нема течна вода на неговата површина.

Месечината на Сатурн, Енселад е ледена површина прекриена со пукнатини. Астрономите веруваат дека доколку Харон, најголемата месечина на Плутонон изгледа слично, тоа може да биде знак за постоење на течни океани во неговата внатрешност.

Новата студија пронајде начин да се утврди составот на тлото под површината врз основа на шемата на тие пукнатини.

– Со споредувањето на вистинските опсерваци на мисијата „New Horizons“ со различни предвидувања, можеме да видиме што најдобро може се вклопува и да откриеме дали Харон некогаш имал течен океан, изјави Алиса Роден од НАСА Годард вселенскиот центар.

„New Horizons“ е лансиран на леденото тело во јануари 2006 година, само седум месеци откако Плутон доби статус на „џуџеста планета“.

Европа, еден од десетте сателити на Јупитер и Енселад, кој се движи околу Сатурн се под влијание на серија други месечини поради што имаат неправилна патека на движење.

Поради постојаната изложеност на тие сили, нивната внатрешност се загрева, што значи дека температурата можеби е доволно висока за да овозможи постоење на течна вода.

Леталото ќе ги посети Плутон и Харон во јули 2015 година и тоа ќе биде најдетална студија, некогаш изработена за овие далечни небесни тела.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата