Патници гневни: Најголемиот крузер во светот и натаму градилиште

Од:

„Harmony of the Seas“ е опишан како најлуксузен крузер во светот, кога исплови од Саутхемптон кон Ротердам пред повеќе од една недела.

Сепак патниците ги дочекаа дупки на ѕидовите и подовите, недостиг на топла вода, затворени тобогани и други туристички атракции, нечисти теписи, поплавени тоалети на сите страни, расфрлани кабли и скали, отворени канти со боја и работници, кои ги довршувале главните работи на бродот дури и во текот на ноќта.

Многу патници биле згрозени од фактот дека на палубата бројот 15 немало безбедносно стакло, што значи дека децата во кој било момент можеле да паднат во морето, а свежата боја оставила траги на облеката на неколку патници.

Повеќе од стотици луѓе биле незадоволни, но персоналот не можел да ги реши нивните проблеми, бидејќи всушнот и немало соодветен персонал.

Претставници од компанијата ги замолиле патниците за разбирање, изјавувајќи дека сепак ова е прво патување на крузерот.

На некои патници им бил понуден паричен надомест, но ниту овој гест не го намалил лошото мислење на патниците за компаниајта „Royal Caribbean International“ во чија сопственост се наоѓа крузерот.

Бродот чија изградба чинеше 800 милиони фунти и кој тежи 227 илјади тони е 100 метри подолг од Титатник.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска