Манастирите на Метеорите – меѓу небото и земјата

Од:

Познатата грчка област Тесалија е чувар на многубројните антички културно-историски споменици, но сигурно е дека стотици илјади туристи ја посетуваат пред се заради Метеорите – чудо кое може да го направи само природата. Трпеливо, со милениуми формирала столбови од карпи, високи и до 550 метри кои денеска господарат со Тесалија – рамнина, плодна за житарките, пишува „Вечерње новости’.

Речиси нереалната сцена „лебдечки камења“ импресионира веднаш откако прв пат ќе се отвори погледот на патот од Трикале кон Каламбаки. Изгледа дека со врвовите го допираат небото, па не е чудно што токму овие карпи монасите ги избрале за молитва и тихување. Токму тие на овој пејсаж му ставија специјален печат на вечноста, градејќи манастири на врвовите на карпите, горе во поднебесието. А тие ги бираа најострите, најтешко пристапните карпи…

Историјата „вели“ дека првите подвижници и монаси тука живееле уште на почетокот на 11. век. Најпрво на карпите и во пештерите, а од 14. век во монашка заедница, која градејќи го манастирот Големите Метеори, ја оформил Свети Атанасиј Метеорски. Во текот на наредните два века на карпите се основани 24 манастири. Денес поголемиот дел се во урнатини, но шестте сочувани се најдобри сведоци и учат за верата, подвижништвото, трпеливоста, креативноста… Сочувани токму такви какви биле и во времето кога се основани, манастирите на Метеорите се под заштита на УНЕСКО. Освен тоа, територијата на Метеорите од 1995 година со грчкиот закон и одлука на Синодот на грчката црква е прогласена за „свето место, непроменливо и неприкосновено“.

Најпознатите од преостанатите шест, манастирот Големи Метеори е посветен на Преображението Господово. На највисоката карпа, неговата изградба ја почнала во 1340 година, Свети Атанасиј и преподобниот Јоасаф, поранешен крал Јован Урош – последниот Немањиќ. Тој целото богатство го подарил на манастирот, па Големите Метеори станаа најбогат и најмоќен од сите манастири. Во нив и денес  сочувани се некои од најубавите фрески во Грција.

На гостите кои порано доаѓале во ова свето место, монасите им спуштале и ги дигале во мрежи и кожни скали, кои посетителите и денеска можат да ги видат. А на прашањето на монасите колку често ги менуваат мрежите и скалите кои и натаму ги користат, тие одговараат:„ Кога Господ ќе дозволи да пукнат“.

Туристите, сепак, до подножјето на манастирот доаѓаат со автобуси и автомобили, а потоа преку 200 скали ѕидани од 1922 година. Големите Метеори, освен вторник, отворени се и секој ден од девет до 17 часот.

Најпристапен, а воедно и единствен женски е манастирот на Свети Стефан. Неговите 30-тина монахињи  опслужуваат две цркви, малата посветена на Свети Стефан и големата, посветена на основачот Свети Харалампие. Во таа црква почиваат и неговите мошти кои, како што тврдат монахињите, се извор на многубројни Божји чуда, па токму црквата Свети Харалампие е одредиште за голем број верници. Манастирот работи од деветт до 14 и од 15,30 до 18 часот. Во понеделник е затворен.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска