Зошто Пригожин застана пред Москва, дали почнува безмилосната одмазда

Од:

По драматичниот развој на настаните, Евгениј Пригожин го прекина својот „поход кон Москва“, на кој неговите војници наводно се приближија на само 200 километри од главниот град. Според последните информации, тоа се случил по разговор со белорускиот претседател Александар Лукашенко, кој дејствувал во улога на претставник на Владимир Путин.

Иако Пригожин ги повлече војниците од Ростов, според видеата од тој град, дел жителите на милионскиот град му аплаудираа и правеа селфи со него,Во исто време ја прекина „окупацијата“ кон Москва, и прашање е дали се е готово и што ќе се случи со него и Вагнер. Одговорот за припадниците на Вагнер стигна веднаш од Кремљ, од каде појаснија дека сите ќе потпишат договор со Министерството за одбрана на Русија и ќе бидат ставени под контрола на руската армија. Тоа беше и причината за бунтот на Пригожин, кој враќајќи се во Русија од фронтот, одлучи дека ја презел контролата над милионскиот град во близина на украинската граница.

Путин го обвини Пригожин за велепредавство, а ФСБ покрена тужба и најави „безмилосна одмазда“ против бунтовниците. Се споменуваше и почеток на граѓанска војна. Најпрво некои сметаат дека Пригожин се откажал од намерата затоа што имал премалку војници за да ја „освои“ Москва, а се надевал дека ќе му се придружат редовни воени единици, што не се случи. Во таква ситуација, а соочен со ултиматумот на Москва и на Пригожин му било јасно дека ќе биде збришан заедно со неговите војници. За споредба, Пригожин имаше околу 25.0000 војници, а според пресметките на западните разузнавачи, Москва се уште располага со околу еден милион активни војници во земјата, дел од нив специјално обучени.

Сега е тешко, по ваква криза да остане впечатокот дека секој може да се однесува како „ништо да не се случило“ и дека на Пригожин ќе му биде навистина простено.

Москва, која Путин ја „чуваше“ во текот на целата војна и ја остави надвор од војната, сега е полна со војници и тенкови, настана паника – сите авиокомпании за поранешните советски земји беа полни, а градоначалникот Сергеј Собјанин веќе го најави понеделник, 26 јуни, за неработен ден. Тоа најверојатно нема да му биде заборавено на Пригожин и според сите аналитичари, нема да биде оставена ниту една можност тој да го повтори истото сценарио во некоја друга прилика, што значи дека за брзо ќе почне одмаздата кон него.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски