Зошто идеите и изборите се значајни? Полска и Романија во огледалото

Од:

Адевирул – Букурешт

Жестокиот популизам, пропагиран и искористен од некои политичари во потрага по популарност и гласови, и штети сериозно на здравјето и прогресот на долгорочен план на една држава. Случајот на Брегзит во Велика Британија од Европската унија и сите непријатни последици од него, со кои британскиот остров сега се бори, се одличен пример во тој смисол. Деновиве Полска е друга држава во која популизмот и екстремизмот си подадоа рака за да издигнат политички идеи и дејствија на штета на жените преку забраната на абортусот во секој случај, со исклучок на оние каде живото на жената е во опасност. Проблемот е одземањето на правото на полските жени слободно да одлучуваат в однос на абртусот, е стар уште од 1993 година. Полските жени си порачуваат нелегални апчиња по интернет или патуваат во странство за да можат да направат абортус.

– Дури и во случаите кога абортусот е теоретски легален, односно кога има закана по животот и здравјето на жената, кога има ризик од деформитети на плодот или кога бременоста е резултат на криминален чин (силување), де факто не е дозволен, па затоа и ограничената пракса е построга отколку што законот тоа го наведува, затоа то лекарите и болниците не сакаат да се изложуваат на ризик од можни казни, вели Каролина Вецкевич, полска адвокатка и независен експерт по сексуални и репродуктивни права.

Полскиот парламент на крајот го отфрли предлог законот со кој се предвидуваа уште поголеми ограничувања за полските жени, по масовните протести кои извади на улиците на Полска скоро шест милиони пољакињи. Социјално-конзервативната партија Право и правдина на крајот не го поддржа проектот иако се повикува на католичките вредности и има тесна врска со католичката црква, а разубедувањето дојде по масовниот бунт на жените. Во секој случај, полските конзервативни кругови се обидоа систематски во последниве години да наметнат колку е можно порестриктивен закон кој ќе ги ограничува абортусите и ќе ги прогласи за незаконски, и покрај протестите на гражанското општество и некои пресуди од Европскиот суд за човекови права против Полска.

– Иако постоеше и предлог закон од граѓанското општество и насочен кон зачувувањето на правата на жените, тој дури и не беше разгледуван заради составот на сегашниот полски парламент, во кој доминираат конзервативците. Разгледувањето на предлог законот со цел воведување дополнителни ограничувања доаѓа во контекст на последните избори и едно силно антивладино движење кое започна во ноември минатата година предизвикано од политичката и уставната криза, појаснува Вецкевич.

Зошто Романија да се огледува во огледалото на Полска? Изборите се важни, квалитетот на луѓето и разноликоста на партиите кои влегуваат во парламентот се значајни, затоа шт идеите кои генерираат политики и опции за донесувачите на закони имаат значење. Ако во еден национален парламент имаш луѓе кои мислат еднакво (на пример, „црниот вторник“ и обидот за преземање на државата) и никаква опозиција, никаква алтернативна идеја, никаков судир меѓу лошо и зло, или меѓу добро и подобро, тогаш имап голем проблем како земја и како национален проект. Ако твојот проект за земјата е оставен во рацете на „системот“ или на неговите луѓе, граѓаните страдаат, а иднината е заложник на картата на долг рок, фрлено во рацете на следното жртвено поколение.

Здраво е во една демократија да имаш тензии меѓу десни идеи и партии, либерални или конзервативни, и леви идеи и партии, либерално-прогресивни или социјалистички. Важно е да имаш опции, да мислиш критички и да избереш општествено богатство или барем еден разумен компромис. Кога на долг рок една единствена партија или група ја создава општествената програма, тоа значи дека различностите меѓу разновидни сили кои ја туркаат државата напред, е под закана или дури и го нема.

Во однос на абортусот, телото на жената, семејството и благосостојбата на децата (каде веднаш треба да преовладува врховниот интерес за децата над секакви други лични или општествени ситуации, согласно меѓународните стандарди) акцентот врз ограничувањето на правата и опциите за жените е антидемократско и ретроградно. Тоа е една историска етапа која пољакињите ја сметаат за надмината. Вистинскиот интерес во таа дебата би требало да биде сексуалното образоваие, како на мажите, така и на жените. Нехумано и неморално е да се оди на абортус како банален метод за контрацепција, но исто толку нехумано е државата да ги задолжува жртвите на силување да го задржат детето, да ја забранува таа опција или да го ограничува достапот до медицински услуги во таа насока.

Во Романија веќе имаме негативна историја на незаконски абортуси, изведувани на опасен за здравјето начин во комунистичкиот период, и тоа е една лекција која треба да ја запомниме, особено кога слушаме популистички зборови кои навестуваат претензии кон женското тело со политички цели. Во предвид ги има новите политички партии и коалиции кои се силно поврзани со Романската православна црква, кои бараат да се вклучат во општествените проекти со кои се ограничуваат некои права, тешко постигнати со демократското општество, како на жените, така и на сексуалните малцинства. Повторно се прибегнува кон пропагандата и индоктринацијата, се повикува на традициите, црквата и вреднпстите на претците во непознавањето на фундаменталните права.

Чудно е што отвореноста на сегашниот папа и нијансирањето во владеењето на тие теми кое го носи шефот на католчиктата црква, воопшто не рефлектираат во дебатите кај нас. исто така значајно е тоа што тоа антидемократско застранување на Полска кај нас не се разгледува. Тоа всушност заслужува да му се обрне внимание на начинот на кои идеите функционираат во јавниот простор, се планираат со години додека дојде соодветниот политички момент за лансирање на еден политички проект и една влада која може да наметне длабоко недемократски практики. Тоа е една прикриена маршрута, но која веќе ја гледаме кај нас, и во САД, и во редица европски држави, засновани на непрекинати кризи, и на економската и егзистенцијалната несигурност. Внимателно да ја погледнеме Полска во нашето сопствено минато, и кај сегашните демагози на конзервативизмот кои имаат корист од благословите на Романската православна црква, и да ги одвоиме од суштинските прашања црквата од државата откако сме минале низ Просветлувањето пред уште три века.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Претседателски избори во Романија

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски