Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

Од:

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да се врати на преговорите со САД.

Дуда истакна дека не гледа дека некој друг освен САД ќе има моќ да ја запре руската агресија врз Украина и дека најдобро би било Зеленски да ги продолжи преговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, објави Ројтерс.

Со оваа изјава полскиот претседател реагираше на јавната кавга меѓу Зеленски и Трамп во петокот во Белата куќа.

Полскиот министер за одбрана и вицепремиер Владислав Косињак-Камиш, како што јави државната агенција ПАП, смета дека ќе биде невозможно да се постигне мировно решение кое ќе стави крај на руската војна против Украина без преговори со присуство на САД.

„Би сакал целата алијанса да повика на враќање на американско-украинските преговори“, рече Косињак-Камиш денеска во Краков.

„Треба да има помалку емоции, а повеќе дијалог и рационални ставови“, посочи тој.

Би можело да ве интересира

Милер: Украина да ги врати тенковите што ги доби од Полска

Сибиха: Полска направи стратешка грешка со одлуката да му го одземе медалот на Зеленски

Туск: Конфликтот меѓу Полска и Украина го прави Путин среќен

Буданов одби полско одликување, вели дека тоа бил чин на непријателство

Зеленски и го враќа на Полска државното признание „Орден на белиот орел“

Горан Наумовски

Во двор во село во Полска пронајдени закопани 30 фетуси, уапсена е сопственичката – патолог

А1он