Вечерње Новости – Белград
Швајцарија од Втората светска војна излезе непокорена, но не и недопрена, таа опстанала како слободна, демократска земја во Европа која се тресела под нацистичката чизма, но и соработувала со Третиот рајх.
Илустрација
Точно е дека Швајцарија чувала милијарди долари во злато кое нацистите го одзеле од жртвите на Холокаустот, но не треба лесно да се оценува како нацистичка марионета, Германија за малку дури и ќе извршела инвазија на Швајцарија, пишува Нешенал интерест.
„Швајцарија има најодвратен политички систем и најбедни луѓе”- се жалел Мусолини на Хитлер во јуни во 1941 година.
По поразот на Франција во летото 1940 година, што Третиот рајх го направил доминантна сила на Западна Европа, Германците планирале да ја покорат и Швајцарија.
Операцијата Таненбаум требала да ги вклучи германските трупи од Франција, Германија и Австрија, додека Италијанците би делувале од југот.
„Ненадеен напад од Женевското Езеро до Консанца, кон центарот на земјата” – гласел планот. „Мораме да ја принудиме Швајцарија на брзо предавање користејќи екстремна супериорна сила”, пренесе Б92.
Силите на оската имале достојни противници. Како и Шведска, Швајцарија својата неутралност ја штитела со оружје, а Европа се плашела од нејзините платеници уште во 15 век. Сите швајцарски мажи биле подготвени и сите имале пушки, кои ги чувале дома во случај на мобилизација.
За земја од само четири милиони жители, Швајцарците имале импресивна војска од околу 850.000 луѓе. Исто така, Швајцарија е планинска земја, што значи дека германските тенкови на нејзината територија не би биле корисни.
Швајцарија по војната тврдела дека единствено што Хитлер го спречило да ја нападне и освои, бил фактот дека имала многу вооружени луѓе. Сепак, тоа е малку веројатно.
Нацистите веќе ја освоиле Франција, чија војска важела за една од најдобрите во Европа и тоа за само шест недели. Швајцарија би им се спротивставила, всушност со народна полиција без тенкови, артилерија и авиони.
Иако е планинска, најнаселените делови се на рамни терени, кои лесно можеле да бидат прегазени, а претходно изградените барикади и ровови стоеле на границите со Германија и Австрија, но не и со Франција.
Единствена причина зошто нациститие не ја окупирале Швајцарија е можеби тоа што Хитлер ги сметал за Германци (тоа сепак не го спречило да ја окупира Австрија).
Најверојатно е дека во тоа го спречила инвазијата на Русија, иако Германците и понатаму собирале средства да го окупираат Балканот во пролетта во 1941 година, а можеби Швајцарија едноставно била премногу корисен посредник меѓу нацистите и светската економија.
Во секој случај, влегла во војната и од неа излегла како слободна земја.