Знамињата на кралските резиденции на половина копје: Објавени детали за кралската жалост

Од:

Период на жалост на британското кралско семејство за кралицата Елизабета Втора ќе трае од сега до седмиот ден по погребот, соопшти Бакингемската палата.

Датумот на погребот на кралицата сè уште не е потврден.

„По смртта на Нејзиното Височество Кралицата, желбата на неговото височество кралот е од сега до седум дена по погребот на кралицата да се почитува период на кралска жалост“, се вели во соопштението.

Одделно од националната жалост, која се очекува владата да ја прогласи денеска, кралската жалост треба да ја почитуваат „членовите на кралското семејство, персоналот на кралското домаќинство и претставниците на кралското домаќинство на службени должности, заедно со трупите посветени на церемонијалните должности“.

Знамињата на кралските резиденции од вчера се на половина копје, и ќе останат на половина копје до 08:00 часот наутро на последниот ден на кралската жалост.

Во Хајд Парк во Лондон, во 14 часот по средноевропско време, топови ќе истрелаат 96 почесни плотуни за секоја година од животот на кралицата, додаде Бакингемската палата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Официјално откриен надгробниот споменик на Елизабета Втора

Ана Ололовска

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Елизабета Втора штотуку е погребана, а веќе се прават планови за нов кралски погреб

А1он

(ВИДЕО) Кралот Чарлс повторно ја шокираше јавноста: Прескокна црнец додека се ракуваше со ожалостените

А1он

Трамп го исмејуваше Бајден за тоа каде седел на погребот: Да бев јас, ќе бев во првиот ред

А1он

Околу 250.000 луѓе го посетија ковчегот на кралицата Елизабета

Ана Ололовска