Значително зголемен бројот на терористичките напади во 2013.

Од:

Во светот минатата година имало околу десет илјади терористички напади, што е 44 отсто повеќе од претходната година, пишува лондонскиот Институт за економски науки и мир. Во овие напади загинале речиси 18 илјади лица.

Четири групи терористички напади биле доминантни минатата година, напади на припадници на групацијата Исламска државам, напади на Боко Харам, напади на Ал Каеда и напади на талибанците. Овие напади се одговорни за 66 отсто од жртвите во тероризмот во 2013 година.

Најголем број терористички напади во 2013 година се регистрирани во Ирак, 2.492, во кои загинале над 6.300 лица. ИД е одговорна за најголемиот број ирачки жртви на тероризмот минатата година.

Повеќе од 80 отсто од светските жртви на терористичките напади во 2013 година се забележани во Ирак, Авганистан, Пакистан, Нигерија и Сирија.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Планирале терористички напади, регрутирале за ИСИС – уапсени четворица

На четворицата уапсени за тероризам им е одреден 30-дневен притвор

Катерина Ѓуровски

Уапсен сопственикот на Телеграм

Француски суд осуди 12-годишно момче: Виновен е бидејќи го бранел тероризмот