Злосторство кое ја потресе Франција: Телото на исчезнато девојче пронајдено во кеса за ѓубре

Од:

Во малото гратче Рамбервил на истокот на Франција се случи страшно злосторство кога петгодишно девојче беше убиено, а нејзиното тело беше пронајдено во вреќа за ѓубре.

Главниот осомничен, кој има само 16 години, веќе и е познат на полицијата за сексуални престапи како силување и насилство, вели извор запознаен со случајот.

Жртвата, петгодишно девојче, во вторникор попладне е пронајдена мртва во вреќа за ѓубре, во стан лоциран на околу стотина метри од нејзината куќа. Исчезнала додека си играла пред нејзината куќа околу 15 часот во вторникот.

Влеговме само пет минути за да го пресоблечеме бебето и кога се вративме неа веќе ја немаше“, изјави мајката. Во потрагата се вклучи и локалната полиција.

Околу 16 часот и 30 минути, осомничениот, 16-годишен тинејџер, ја известил полицијата дека штотуку пронашол тело на девојче пред својата куќа. Кога пристигнале, телото на детето било во вреќа за ѓубре во домот во кој живее тинејџерот.

Набрзо овој тинејџер предизвикал сомнеж кај полицијата. Според извор близок до случајот, младиот човек бил забележан од полицијата како талка по улицата неколку моменти по исчезнувањето на девојчето. Тој е приведен по недолични коментари и затоа што веќе е познат по своето проблематично однесување.

Профилот на тинејџерот е во центарот на вниманието на истражителите. Во криминалното досие на овој малолетник не се споменува пресудата, но тој веќе е обвинет за друго кривично дело.

„Тој во моментов е обвинет, како дел од судска истрага, за киднапирање и присилно приведување, силување и сексуален напад на 15-годишно малолетно лице, за дела извршени во февруари 2022 година“, соопшти обвинителството во средата.

Поради овој прекршок, 16-годишното момче една година било сместено во затворен образовен центар, а тој наводно ја почитувал одлуката за судски надзор, вели извор запознаен со случајот.

Градоначалникот на Рамбервил, Жан-Пјер Мишел, исто така изјави за Le Parisien дека младиот човек „е познат на општинската полиција, а секако и на жандармеријата, за дела поврзани со сексуална злоупотреба“.

Мајката на несреќното девојче утрово низ солзи пред новинарите изјави дека е „уништена“.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт