Жителите на Хонг Конг спакувани како сардини во солитерите

Од:

Во средината на минатата година, британското списание „Економист“ објави список на најдобри градови за живеење во целиот свет, а Хонг Конг се најде на самиот врв и го зазеде првото место.

Тоа што малкумина го знаат е дека постои извесен процент на жители на овој самоуправен кинески град каде живеат во грозни услови со многу лош животен стандард.

Во обид да се сврти вниманието на овој проблем, организациајта за човекови права „Друштво за заедничко организирање“ објави серија фотографии кои прикажуваат неприфатливи животни простори од птичја перспектива.

Според нивните податоци преку 100.000 луѓе во оваа метропола живеат во „лего коцки“, во станови од по 12 метри квадратни, создадени со делење на онака веќе малите станови во мноштво станбени единици.

Жителите се движат во ограничени простори, спијат во еден агол, а јадат во друг, ги пакуваат своите работи во средината каде гледаат и ТВ. Како сето тоа успеваат да го изведат, а да не полудат, знаат само тие.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина