Жителите на Хале ги повикаа бегалците на заеднички доручек

Од:

Околу 1200 жители на германскиот град Хале ги поканија на заеднички доручек бегалците кои се наоѓаат во тој град.

Оваа рекација дојде како резултат на ксенофобичната политика на Националната демократска партија. Жителите на Хале поставија на плоштадот столици и маси на кои имаше храна и ги повикаа сите да се придружат на доручекот.

Со овој гест, дел од жителите сакаат да се дистанцираат од политиката на Националната демократска партија и да покажат разбирање кон луѓето кои беа принудени да ги напуштат своите домови.

Десничарската Национална демократска партија организираше протести поради планот поранешната продавница за техничка опрема во Хајден да се употреби како прифатен центар за барателите на азил. Неколку стотини демонстранти во петокот го блокираа патот кој води кон местото кое треба да се претвори во прифатен центар за бегалците, по што полицијата мораше да интервенира со солзавец.

Германија прифати десетина илјади бегалци кои пристигнуваат секој месец од земјите на Блискиот Исток. Според последните податоци, се очекува оваа година во Германија бројката да стигне до 800.000 бегалци.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто