Жителите на Газа слават на улиците по договорот за прекин на огнот со Израел

Од:

Во Појасот Газа започнаа прославите по извештаите во медиумите дека Израел и палестинското исламистичко движење Хамас постигнале договор за прекин на огнот во областа, јавува dpa.

Според очевидци, десетици илјади луѓе излегле радосни на улиците. На сликите што кружат во палестинските медиуми и социјалните мрежи, населението пее и танцува, а некои мажи плачат од радост.

Израел и Хамас се договорија за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување заложници во замена за палестински затвореници, јавуваат повеќе израелски медиуми.

Сепак, ова допрва треба да биде официјално потврдено. Израелски извори велат дека се уште има неколку нерешени одредби од договорот и дека се надеваат дека ќе ги финализираат деталите подоцна во средата навечер.

Во 15-те месеци војна, десетици илјади луѓе ги загубија животите, а таа палестинска енклава беше претворена во урнатини.

Преговарачите во средата постигнаа повеќефазен договор за ставање крај на војната во Газа меѓу Израел и Хамас, изјави за Ројтерс извор запознаен со разговорите, по 15-месечните борби кои однесоа десетици илјади животи и ја претворија палестинската енклава во урнатини.

Договорот, кој сè уште не е официјално објавен, повикува на првичен шестнеделен прекин на огнот, постепено повлекување на израелските сили од Појасот Газа и ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас во замена за Палестинците приведени во Израел, изјави израелски официјален претставник

Би можело да ве интересира

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан

Израел продолжува со нападите врз Појасот Газа, меѓу цивилните жртви има и деца

Во израелските напади врз Газа загинаа 23 лица

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми