Жителите и власта на Суматра се молат да почне сезоната на дождовите

Од:

Гувернерот на провинцијата јужна Суматра на прес конференција денеска изјави дека администрацијата и службите задолжени за контрола и гаснење на пожари веќе не можат да се надеваат дека ќе се справат со пожарите што во изминативе три месеци, на повеќе од 1.000 локации на големиот остров уништуваат над 70.000 хектари прашуми.

Останува само да се молиме на Алах за да почне дождовната сезона, зашто без непрекинат дожд од најмалку една недела пожарите и натаму ќе се шират, – изјавил гувернерот на провинцијата јужна Суматра, кој додаде дека илјадници жители на Суматра веќе прават „шалат истиска’’, муслиманска молитва за дожд.

Поради облаци од чад на Суматра се одложуваат или откажуваат летовите на локалните и трите меѓународни аеродроми, а учениците не одат на настава втора недела. Чадот од Суматра предизвикува проблеми во дишењето и на жителите на соседните држави Сингапур и Малезија. Меторолозите, соопштувајќи дека монсунските дождови во регионот доцнат повеќе од еден месец, најавуваат дека сезоната на дождови ќе започне, најкасно, во последната недела на октомври.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Голем број загинати, раселени и исчезнати на островот Суматра

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски