Жените во Авганистан се третираат како животни

Од:

Активисти за човекови права по повод Денот на жената, предупредија дека во конзервативното авганистанско општество положбата на жените и понатаму е екстремно лоша.

Речиси 90 проценти од Авганистанките се жртви на физичко, сексуално или психолошко насилство.

Иако по падот на талибанскиот режим од 2001 година е постигнат извесен напредок во ставовите кон жените, сепак правосудскиот систем се уште е слаб, кога се работи за случаи на насилство врз жените.

Шакила (16) беше убиена минатата година, во куќата на богатиот локален лидер во релативно безбедна провинција Бамијан. Нејзиниот брат се уште се обидува убиецот да го одведе пред судот.

Бамијан е единствена авганистаска провинција која има жена гувернер, а во оваа област речиси половина од девојчињата одат на училиште што се смета за голем успех во Авганистан.

Гувернерката Хабиба Сароби истакнува дека положбата на жената е подобрена, а во тоа допринесуваат и медиумите. Но сепак постојат голем број убиства во семејствата и поради чест.

Од друга страна, Латифа Султани од авганистанската независна комисија за човекови права смета дека во одредени подрачја жените се третираат како животни и дека родителите ги тераат да останат дома и да не одат на училиште, дури и да се омажат за тој што тие ќе го изберат.

Бројни меѓународни организации за човековите права до сега укажуваа на тешката положба на жените во Авганистан.

„Human Rights Watch“ минатата година посебно ја критикуваше власта бидејќи затвара жени поради т.н злосторство против моралот, односно затоа што ги напуштаат насилните сопрузи, како и оние кои што се обвинети за вонбрачен секс, дури и кога се силувани.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан