Жена бодеше со нож во швајцарски маркет, полицијата не исклучува мотивот да е терористички

Од:

28-годишна жена нападнала две други жени попладнево во супермаркет во швајцарскиот град Лугано, објави регионалната полиција, која не исклучува „терористички мотиви“ за нападот.

Напаѓачката ѝ забила нож во вратот на едната жртва и таа е сериозно повредена, но нејзиниот живот не е во опасност, додека втората има полесни повреди, соопшти полицијата.

Според првите елементи на истрагата, напаѓачката се обидела да ја задави едната од двете жени со рацете, а потоа го извадила ножот и ја ранила другата жена.

Други купувачи кои во тој момент се нашле во супермаркетот успеале да ја совладаат жената, која потоа била уапсена, соопштија локалните органи на редот.

Регионалната полиција нагласи дека „не ги исклучува терористичките мотиви“, прецизирајќи дека работи на случајот заедно со полицијата на Швајцарската конфедерација и локалната полиција на Лугано.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Уапсен сопственикот на Телеграм

Француски суд осуди 12-годишно момче: Виновен е бидејќи го бранел тероризмот

(ВИДЕО) Спречен е терористички акт во Австрија, уапсен млад маж од Македонија

Горан Наумовски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад