Жан-Ноел Баро: Израел бара дозвола да го нападне Либан

Од:

Како дел од условите за постигнување примирје со Хезболах, израелските власти инсистираат на тоа на Израел да му се дозволи да го нападне Либан во секое време, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, наведувајќи дека тоа „не е во согласност со суверенитетот на силна земја”.

Зборувајќи пред комисијата на француското Национално собрание за разговорите што ги водел со израелските претставници во Ерусалим, Баро рече дека тоа е услов на кој се почесто инсистираат израелските власти, пренесува Ројтерс.

„Денес во Израел ги слушаме гласовите на оние кои бараат на Израел да му се дозволи да го нападне Либан во секое време, дури и да влезе на либанска територија како што тоа го прави со соседна Сирија. Тоа не е во согласност со суверенитетот на силна земја“, рече Баро кој минатата недела разговараше со израелскиот министер за стратешки прашања Рони Дермер и новиот министер за одбрана Израел Кац.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа