Зголемена борбената готовност на јужнокорејските сили долж границата со Северна Кореја

Од:

Единици на јужнокорејските вооружени сили се распоредени долж границата со Северна Кореја под целосна борбена готовност, изјави претставник на Министерството за одбрана во Сеул.

Наредбата е добиена откако синоќа е одлучено да се обнови испраќањето на пропагандни пораки кон територијата на Северна Кореја.

Според официјалниот претставник, во реонот на демаркираната гранична линија се испратени дополнителни артилериски единици, кои се подготвени во секој момент да извршат напад при евентуална нова провокација, а јужнокорејското разузнавање внимателно го следи секое движење на севернокорејската војска.

– Од жителите на реонот е побарана максимална внимателност, а земјоделците се повикани да ги напуштат нивите, истакна портпарол на Министерството за одбрана.

Сеул го обнови испраќањето на пропагандни пораки како одговор на воената провокација од страна на Пјонгјанг, во која беа повредени двајца јужнокорејски војници. Програмата за психолошка војна со Северна Кореја беше прекината пред 11 години, кога односите меѓу двете земји се подобрија.

Пропагандните пораки, кои можат да се слушнат во радиус од 10 километри, содржат меѓународни вести, информации за времето, како и пораки со кои се осудуваат севернокорејските провокации и се потенцира значењето на демократијата.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски