Зголемена борбената готовност на изрелската армија

Од:

Израелската армија е ставена во состојба на зголемена борбена готовност, поради можни напади од сириска територија во реонот на Голанската Висорамнина, јави ДПА.

– По зачестената необична активност на ирански војници во Сирија, израелската армија одлучи да ги смени инструкциите за цивилното население на Голанската Висорамнина и вечерва побара од локалните власти да ги отворат и да ги подготват засолништата, се посочува во соопштението на израелската армија.

Покрај тоа се распоредени и одбранбени системи, а израелските сили за одбрана се подготвени за различни сценарија.

– Секоја агресија вез Израел ќе наиде на сериозен отпор, се истакнува во соопштението.

Таквата одлука на израелската армија следува по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД се повлекуваат од Договорот за иранската нуклеарна програма и дека ќе ги возобноват санкциите кон Иран, кои беа укинати согласно документот.

Би можело да ве интересира

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Израелската влада е разочарана од одлуката на Америка да ја прекине испораката на муниција

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа