Зголемен бројот на илегални рудари на злато, дијаманти и минерали во Бразил

Од:

Во бразилската автохтона област Јаномами, богата со злато, дијаманти и минерали има 20.000 илегални рудари, а локалното население е загрижено поради својата иднина.

За време на пандемијата со Ковид-19, според локалните жители, бил зголемен бројот на авиони, хеликоптери и чамци кои биле поврзани со илегалното рударење.

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро најави поттикнување на економскиот развој во Амазон.

– Се појави добра можност за нас, истакна Болсонаро, алудирајќи на руската инвазија врз Украина.

Бразил во голема мера се потпира на увезени ѓубрива за својата земјоделска индустр ија, всушност повеќе од 90 проценти од ѓубривата се увезуваат од странство, а Русија е нејзиниот најважен партнер.

Болсонаро тврди со ископување во автохтоните територии, Бразил може да создаде повеќе свои резерви на калиум.

Додека експертите предупредуваат дека само 11 проценти калиум има во автохтоните територии.

– Од технолошка и еколошка перспектива, потребните се лиценци и инфраструктура, за се е потребно време. Веројатно ќе бидат потребни седум до 10 години за да се понудат овие производи на бразилскиот пазар. Зборуваме за исклучително чувствителна област каде што треба да се внимава. Погрешно е да се каже дека тоа ќе ги реши проблемите на Бразил, изјави професорката по геологија на Универзитетот во Бразилија, Сузи Хаф.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата