Зеленски: Невозможно е Трамп да не видел кој е Путин

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е изненаден од тоа колку поранешниот американски претседател Доналд Трамп продолжил да го фали својот руски колега Владимир Путин, дури и откако Москва ја нападна Украина.

„Верувам дека имаше доволно време, и повеќе, да разбере кој е Путин“, изјави Зеленски во интервју емитувано во неделата.

Зеленски рече дека е невозможно Трамп да не знае колку Путин е спротивен на вредностите на американскиот народ.

„Верувам дека Трамп беше на толку висока позиција каде што е невозможно да не се препознае дека Путин е токму спротивното од вредностите на неговиот народ. „Трамп ја имаше сета расположлива моќ на државата – разузнавачки  податоци за да создаде психолошки профил“, додаде Зеленски.

Зеленски рече дека е „изненаден“ од однесувањето на Трамп по почетокот на нападот врз Украина.

„Веројатно требаше да ја промовира својата внатрешна политика за да покаже дека е подготвен да најде разбирање со претседателот на Русија“, рече Зеленски..

 

Би можело да ве интересира

Трамп повика на ослободување на обвинетите за нападот на Капитол

Горан Наумовски

Кремљ: ЕУ ќе ја предводат две жени кои не сакаат нормализација на односите со Русија

(ВИДЕО) Украина објави снимка: Русите сакаат да го збришат Часив Јар

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Навреди, обвинувања, Бајден несигурен, Трамп агресивен – прв претседателски дуел

Катерина Ѓуровски

Русија: „Америка е влезена во војна, реакцијата на Москва ќе ве боли“

Предраг Петровиќ

Од Русија стигна соопштение: Наскоро ќе се потпише голем договор со Иран