Земјотресот го издигна островот Ломбок за 25 сантиметри

Од:

Силниот земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала што на 5 август го погоди индонезискиот остров Ломбок, придонесе за негово издигнување за 25 сантиметри.

Како што соопштија група научници на американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) и на Калифорнискиот институт за технологија, врз основа на анализи на сателитските снимки на Ломбок направени по земјотресот, утврдени се промени на површината на островот.

Според научниците, утврдено е дека во реонот на епицентарот на земјотресот, во северозападниот дел на Ломбок, површината на земјата се подигнала за 25 сантиметри, додека на други места на островот се спуштила меѓу пет и 10 сантиметри.

Во меѓу време, на Ломбок продолжува потрагата по затрупани лица под урнатините и одроните од земјиштето.

Како што јави ДПА, индонезиската Национална служба за справување со елементарни непогоди денеска соопшти дека најновиот биланс на жртвите од земјотресот е 387 загинати и речиси 13.700 повредени.

– Бројот на жртвите ќе продолжи да расте, бидејќи се уште има лица затрупани под свлечиштата или остатоците од разурнатите објекти, се наведува во соопштението на Службата.

Во земјотресот се уништени речиси 68.000 илјади домови, поради што без покрив над главите останале околу 397.000 лица, што претставува 10 проценти од вкупната популација на Ломбок.

Индонезија се наоѓа во зоната на Пацифичкиот огнен прстен, која се карактеризира со засилена вулканска и сеизмичка активност.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници