Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Чиле

Од:

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северниот регион на чилеанско Тарапако и се случи на длабочина од 118 километри, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Националниот сеизмолошки центар на Чиле соопшти дека земјотресот бил со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала и дека епицентарот бил на 37 километри североисточно од Калама, пренесе Ројтерс.

Хидрографската и океанографската служба на чилеанската морнарица соопшти дека нема услови за создавање цунами на чилеанскиот брег.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Босна и Херцеговина

Повторно земјотреси во регионот на Берово и Делчево

Катерина Ѓуровски

Земјотреси во Македонија

Предраг Петровиќ

Земјотрес во Албанија почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 6,2 степени во Гватемала

Земјотрес во Кампанија, потресот предизвика паника во Неапол