Земјотрес од 7,6 степени ги погоди Филипините, издадено e предупредување за цунами

Од:

Земјотрес со јачина од 7,6 степени ги погоди Филипините, соопшти Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија.

Филипините и Индонезија издадоа предупредувања за цунами, објави Би-Би-Си.

Епицентарот на земјотресот е на море, на длабочина од 10 км, околу 62 км од брегот. Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами соопшти дека се можни опасни бранови во радиус од 300 км од епицентарот.

Евакуациите веќе започнаа во крајбрежните области, особено децата од училиштата. Локалните власти ги предупредија луѓето да бидат во готовност и да бараат повисоки места.

Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос повика на евакуации во неколку крајбрежни провинции, додека индонезиските власти изјавија дека сè уште не добиле никакви извештаи за штети.

Сеизмолошката агенција на Филипините предупреди дека очекува „бранови опасни по живот“. Брановите цунами би можеле да достигнат три метри над нормалното ниво во делови од Филипините и еден метар во Индонезија.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен и околината

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масакр во училиште на Филипини: најмалку шест мртви деца, 17 повредени

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово

(ВИДЕО) Стравична несреќа кај Филипините: Се запали траект, петмина загинаа, 87 се исчезнати

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски